Поплави во Бутел, Карпош и Ѓорче - екипите веднаш излегоа на терен

 

По обилните врнежи на дожд кои попладнево го зафатија главниот град, се појавија поплави во општините Бутел, Карпош и Ѓорче Петров.

Градските власти информираат дека на терен интервенирале поголем број на екипи на штабот за заштита и спасување на Град Скопје, со возила и пумпи во повеќе поплавени објекти интервенирале и екипи на Противпожарната бригада на Скопје и ЈП „Водовод и канализација“.

- И во наредниов период штабот за заштита и спасување на Град Скопје ќе ја следи состојбата на терен и доколку има потреба, соодветно ќе интервенира, соопшти Град Скопје.

 

 

 

24.05.2017 - 14:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега