Најмногу сообраќајки на овие места- овие скопски улици се најопасни

 

 

Во Скопје има 11 опасни и критични места на кои се случуваат најмногу сообраќајни несреќи.

Во Скопје секојдневно во просек се случуваат по 15 сообраќајки, а многу од нив завршуваат трагично. Само во првите пет месеци од годинава во земјава загинаа 54 лица, што во просек значи дека секој месец има по 10 жртви на асфалтот.

Засега има само листа од 11 опасни места во метрополата кои се најризични за сите учесници во сообраќајот.

Булевари: „Партизански одреди“, „Борис Трајковски“, „Илинден“, „Kузман Јосифовски - Питу“, „Александар Македонски“, „Kочо Рацин“, „Теодосиј Гологанов“.

Улици: „Васил Ѓоргов“ во Капиштец, „12. Македонска бригада“ во Лисиче, „Цветан Димов“ во Чаир, „Ѓорче Петров“ во истоимената населба.

Извор скопјеинфо.мк

 

 

 

22.05.2017 - 14:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега