Ова е скопската населба со најчудно име

Официјалното име на населбата е Даме Груев, но помеѓу жителите на Скопје оваа населба е позната и како „Ге-Ге“.
Даме Груев претставува скопска населба која се наоѓа на територијата на општината Ѓорче Петров. Оваа населба во Скопје за скопјани е препознатлива како „Ге-Ге“ што е скратен од второто име на населбата- Гола Гузица. Населбата се наоѓа на самиот почеток на Ѓорче Петров во правец на населбите Волково, Кисела Јабука и Ново Село.
На почетокот на осумдесетите оваа населба била слабо населена и немала многу ители. Точна информација за добивањето на името не постои, но се верува дека потекнува од дамнешна приказна.
Скопјани раскажуваат за случката која се случила пред многу години кога патничка во автобус на ЈСП побарала возачот да ја превезе до како што таа рекла „срамотната населба“, а се мислело токму на населбата Гола Гузица или Даме Груев.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









