Може ли да се очекуваат нови потреси во Скопје и дали градбите се стабилни?

Доктор Драгана Черних Атанасовска, раководител на Сеизмолишката опсерваторија при природно математичкиот факултет во Скопје, во вестите на Сител говореше за последниот земјотрес од 4,2 степени кој ги потресе скопјани.
Според неа, потресот е дел од нормалната сеизмичка активност, и е земјотрес со умерена јачина кој не предизвика материјални штети, па затоа нема простор за паника.
Инаку, скопското епицентрално подрачје е составено од три дела, пресечено е со повеќе раседи, а главен е скопско-ќустендилскиот. Постои сплет на раседи, кои ја даваат сеизмичката активност. Според Атанасовска градбите се стабилни и градбите не би колабирале и при силен земјотрес.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









