Оваа скопска населба наредните два дена ќе остане без вода

Регионалниот центар за управување со кризи Скопје соопшти дека во понеделник и вторник можен е мал прекин на водоснабдувањето во населбата Гази Баба.
Како што информира РЦУК, повикувајќи се на известување од јавното претпријатие „Водовод и канализација“, почнувајќи од 9 часот ќе се започне со чистење и хлорирање на една комора од резервоарот Гази Баба.
- Со работа ќе се започне во периодот од 9 часот па се до завршување на работите можно е да има мал прекин на водоснабдување во населбата Гази Баба. (општина Гази Баба), стои во соопштението.
14.05.2017 - 10:29
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









