Барсосио со рекорд до победа на скопски маратон

од Кенија е победничка на женскиот дел од маратонот во Скопје. Таа имаше трка во која доминираше на патеката и успеа да ја заврши со време од 2 час 33 минути и 42 секунди.
Овој резултат на Барсосио воедно е и нов рекорд на Скопскиот маратон така што ова е најава за уште побрзи трки во иднина кај дамите.
Барсосио имаше голема разлика во однос на другите Кенијки кои останаа зад неа. Втора со време од 2 часа 44 минути и 19 секунди беше Салина Џебет, додека минатогодишната победничка Гладис Јепкуруи Бивот заврши како трета со време од 2 часа 47 минути и 6 секунди,
Ова беше очекуван епилог бидејќи Кенијките беа фаворитки уште пред почетокот на трката.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









