Ново невреме денеска во Скопје

 

Денеска попладне времето повторно ќе биде променливо и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер. Максималната температура во текот на денот ќе биде во интервал од 23 до 29 степени.

Следува период на променливо и нестабилно време, во попладневните часови со локален пороен дожд и грмежи, при што денес и утре услови за нестабилност ќе има претежно во планинските подрачја, додека во петок и во недела нестабилно ќе биде на повеќе места, особено на северот и истокот од земјава.

Во сабота не се очекуваат врнежи, но ќе дува повремено засилен северозападен ветер кој ќе донесе осетно спуштање на дневната температура.

Пооблачно и ветровито со северен ветер ќе биде и во понеделник, кога под влијание на нов влажен бран врнежи од дожд се очекуваат из  во поголемиот дел од земјава. Дневната температура на воздухот ќе биде во опаѓање и ќе се движи во интервалот од 14 до 24 степени.

 

 

 

04.05.2017 - 12:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега