Се уредуваат зелените површини и дрвја во општина Центар

 

Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ од денеска до сабота ќе спроведе активности за чистење на општина Центар.

Екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ од денеска до сабота ќе  ги уредуваат јавните зелени површини во општина Центар, а екипи од одделението „Дрвореди“ ќе работат на сечење стари и суви дрвја, како и кроење на неправилни и неуредени крошни на дрвјата на повеќе локации во оваа општина, соопшти ЈП „Паркови и зеленило“.

Активностите во општина Центар се во рамки на 14. циклус на „паркови и зеленило“ за посета на скопските општини и дел од пролетнатта акција за чистење на општините во Скопје, со цел зголемување на степенот на чистотата и комуналната хигиена.

 

 

 

02.05.2017 - 12:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега