Град Скопје со реакција: Следи целосно хортикултурно уредување во близина на ГТЦ

 

Градот Скопје реагира на невистинитите информации објавени на неколку интернет портали за наводно сечење на дрва во близина на Градскиот трговски центар.

Во продолжение следува интегрален текст од реакцијата на Град Скопје.

Градот Скопје сака да ја информира јавноста дека на ова место се искастрени неколку грмушки, а не дрва како што се наведува. Станува збор за грмушки од видот taxus baccata, и дека не станува збор за дрва јасно се гледа на фотографиите кои беа објавени од овие портали.

Стручните служби од ЈП „Паркови и зеленило“, по извршен увид оцениле дека истите се делумно исушени и треба да бидат отстранети. Во наредниот период екипи на јавното претпријатие ќе пристапат кон целосно хортикултурно уредување на овој простор.

Повторуваме, на оваа локација никогаш немало дрва и во овие тенденциозни натписи препознаваме уште еден обид за манипулирање на јавноста.

 

 

 

 

18.04.2017 - 15:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега