Оставка на Шиповиќ: Превирања во СДСМ Центар

 
Врие во СДСМ Центар во пресрет на локалните избори. Претседавачот со Советот на Општина Центар, Мирослав Шиповиќ, си поднел оставка.
 
Советот оставката треба да ја констатира на следната седница идната недела. Во оставката е наведено дека се поднесува од лични причини. Но на својот Фејсбук профил Шиповиќ веќе отворено го критикува работењето на актуелниот градоначалник Андреј Жерновски.
 
- "Се замолуваат граѓаните на Општина Центар во следните недели да не го тражат градоначалникот за да не му прават трошоци во роаминг", напиша Шиповиќ на 25ти март.
 
- "Јавно го прашувам градоначалникот по кој член и од кој закон ја стопиравме изградбата на улицата на Кеј? Тој викенд во Истанбул беше кога ги спремавме документите" , изјави Шиповиќ.
Дневник денеска пишува и дека градоначалникот Жерновски нема да ја добие поддршката на ЛДП за локалните избори.
 
Според партиски избори, Жерновски се нема официјално обратено до ЛДП, но неформално преку комуникација со нему блиски сопартијци, се обидува да е во тек со процедурата за избор на кандидат внатре. Според извори на Дневник, најверојатно поради тоа што Заев и ЛДП му го свртеле грбот, Жерновски ќе се кандидира независно. 
 
- Без подршката на која се надеваше од СДСМ како и нашата, тешко ќе му оди на жерновски, велат од таму за Дневник.
 
Конечните одлуки ќе се знаат откако ќе се знае датумот за одржување на локалните избори.
 
 
 
 
 
 

 

 

03.04.2017 - 10:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега