Априлијада 2017- Скопје се смее

 

Детски културен центар Карпош и Град Скопје за утре /1 април 2017 год. (сабота)/ од 11 до 13 часот на Плоштад Македонија, организираат невидена детска журка „Априлијада 2017-Скопје се смее“, за сите градинки, училишта и деца од град Скопје и од околината.

 Во дневниот дел од забавата со маски, принцовите, принцезите, кловновите, самовилите и сите ликови од цртаните филмови ќе ги забавуваат  фолклорната секција и балетската секција на ДКЦ „КАРПОШ“, децата од Златно славејче и Танцови групи од основните училишта од Скопје и од околината.

 Ноќната забава ќе почне во 20 часот, а на Плоштад Македонија ќе настапат:  Андријана Јаневска, Мартија Станојковиќ, Влатко Илиевски, Александар Тарабунов, Лаура Крлиу и групата-BRASS BROTHERS.  Маскираните посетители ќе продефилираат на сцената, ќе има и други изненадувања, да не откриваме се, а за крај и настап на  Диџеј.

 Како и изнинативе години Детски културен центар Карпош  со конкурси ги повика основните и средните училишта да учествуваат во манифестацијата  и да се натпреваруваат за најубава маска и карикатура за коишто  ќе им додели вредни награди и дипломи во своите простории, а во вечерниот дел од манифестацијата  на бината  ќе продефилираат  учениците од средните училишта со групни маски, а учесниците во најдобрата групна маска ќе добијат и вредна награда.

 

 

 

31.03.2017 - 13:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега