Овој дел на Скопје утре ќе остане без вода

 

Без вода утре од 08:00 часот до завршување на работите ќе останат корисниците на потегот од Собрание на Република Македонија до хотел „Холидеј  Ин“, како и Градскиот трговски центар, ТЦ „Соравија“, катната гаража „Разловечко востание“, ресторанот „Национал“ и Клиниката по хируршки болести „Св. Наум Охридски“, во општина Центар.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот е поради промена на шибер од Ф 80 мм на улица „Филип Втори Македонски“. 

 

 

 

15.03.2017 - 14:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега