Поставен камен темелник за комерцијално-деловен објект во општина Гази Баба, ќе отвори до 1000 нови работни места

Градоначалникот Тони Трајковски, генералниот директор на Мак АутоСтар, Зоран Марковски и заменик амбасадорот на Германија во Р.Македонија, Марко Акватичи поставија камен темелник за изградба на новиот комерцијално-деловен објект на Мак АутоСтар кој опфаќа 12.000м2, во кој ќе бидат изградени 7 надземни и 3 подземни нивоа.
На настанот градоначалникот Трајковски и генералниот директор на мак Аутостар и германскиот амбасадор во Макеоднија, разговараа за идните планови и развој на оваа компанија како и можноста за поврзување и соработка на бизнис клубот на општина Гази Баба со Македонско германската комора.
Меѓу другото со изградбата на овој комерцијално- деловен комплекс на подрачјето на Гази Баба ќе се овозможат од 800 до 1000 нови работни места.

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









