Делови од општина Центар утре без вода

 

 

Клиниката за хематологија, Институтот за трансфузиона медицина и повеќе улици во општина Центар утре ќе останат без вода од 8.30 часот. 

Без водоснабдување ќе бидат и корисниците лоцирани на улиците „Ацо Караманов“, „Питу Гули“, „Димитар Пандилов“, „Капиштец“, „Ганчо Хаџипанзов“, „Караорман“, „Партение Зографски“, „Димитар Беровски“, „Ѓорѓи Скрижевски“, „Христо Чернопеев“, „Тасино Чешмиче“, „Рилски Конгрес“, „Белградска“, „Црниче“, „Церска“, „Серска“, „Неврокопска“, „Баница“, „Благоја Гојан“, „Наум Охридски“, „Банско“, Кавалска, Кратовска, како и дел од корисниците од улицатите „Славејко Арсов“ и „Пржино“. 

Како што соопшти РЦУК - Скопје, прекинот е поради реконструкција на водоводна мрежа на улицата „Тодор Александров“ б.б. Корисниците ќе бидат без вода се до завршување на реконструкцијата.

 

 

 

25.02.2017 - 10:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега