Во Скопје врие полиција - силно полициско обезбедување

По минатото рочиште за хоророт во Дивата Населба, на кое сведочеше Командант Соколи, денеска во Судот ќе биде ислушан Командант Малишева или Мухамед Красниќи, предложен како сведок на одбраната. Командант Малишева од Косово важи за еден од водачите на кумановската група која одговара за тероризам и за терористичка организација.
Инаку, на минатото рочиште, беше ислушан Командант Соколи кој изјави пред присутните дека мисија на кумановската група била реализација на Охридскиот рамковен договор. Сами Укшими рече дека не е терорист, туку патриот и дека дошол во Македонија за да ги брани правата на Албанците, и дека не бил Командант, бидејќи ако бил ќе имало 200 мртви.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









