Ден полн несреќи во Скопје - полицијата демне на секој чекор

 

Седум лица се здобиле со полесни повреди во седум од вкупно 14 сообраќајни незгоди кои се случиле во текот на вчерашниот ден во Скопје. Седум сообраќајки се со причинета материјална штета.

Сообраќајната полиција вчера санкционирала 30 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, тројца поминале на црвено светло на семафор, петмина управувале возило под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, како и девет возачи без возачка дозвола односно нерегистрирано возило.

Санкционирани се и четворица пешаци кои  сториле прекршоци по разни основи.

Со специјалното возило „пајак“ отстранети се 86 возила.

 

 

 

22.02.2017 - 09:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега