Олеснување за граѓаните: Зградата на „Водовод„ се сели на нова локација

Јавното претпријатие Водовод и Канализација наскоро се сели во новата управна зграда под Кале.
Директороот на Водовод и Канализација Александар Атанасов во интервју за Скопјеинфо рече:
- Со задоволство можам да истакнам дека веќе се бројат деновите до отварање на новата управна зграда. Овој период не закочија малку ниските температури, на кои не може да се работи со предвидената динамика. На катовите ќе биде сместени службите, а во приземјето ќе бидат пунктовите за корисниците. Ќе има 15 шалтери и тоа е тројно повеќе од сегашните, при што многу побрзо и поефикасно граѓаните ќе можат да ги завршат работите на шалтерите. Воедно оваа година ЈП Водовод и канализација – Скопје одбележува јубилеј 110 години постоење, со што убаво се совпадна и со отварањето на новата управна зграда и сопствен дом, после повеќе од столетие постоење на претпријатието, рече Атанасов.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









