Ангажирани специјалците утрово на скопската железничка станица

 

Специјалци морале да интервенираат утрово за да контролираат дали граѓаните што сакале да се возат бесплатно со возот за Демир Капија, каде би го прославиле празникот Свети Трифун, имаат набавено билети за бесплатно возење.

Откако вчера беше објавено дека денеска ќе има бесплатен превоз на станицата утрово дошле трипати повеќе луѓе отколку што собира возот. Настанале турканици и расправии за да се дојде до место во возот. 

Возот тргна од Скопје во 8.10 часот, во Демир Капија стаса во 10 часот, а ќе се враќа за Скопје во 15 часот. За време на манифестацијата „Недела на традицијата Св. Трифун“ на плоштадот ќе има бесплатно јадење и пиење, шведска маса, вино и ракија.

На централниот настан денеска ќе има свечено закројување на винова лоза, базар за традиционални производи и културно уметничка програма. Ќе настапат КУД „Мирка Гинова” и естрадните уметници Блага Петреска, Евто Пупиновски, Јордан Митев, Виолета Томовска, Адријана Алачки, во придружба на оркестарот на „Зајди, зајди“.

 

 

 

14.02.2017 - 13:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега