Невреме во Македонија

Посвежо време и пониска температура се најавува од петок. Дневните температури од петок ќе бидат во опаѓање и ќе се движат од 1 до 7 степени во петок, од 1 до 6 во сабота и од 0 до 5 степени во недела. Времето ќе биде променливо облачно и посвежо.
Денеска попладне и во текот на ноќта Македонија ќе биде зафатена од краткотраен, но интензивен влажен бран и ќе има врнежи од дожд, најпрво во западните делови, а во текот на ноќта во останатите делови. На високите планини врнежите ќе бидат од снег. На места во крајните источни и западни делови ќе наврнат околу 20 литри на метар квадратен, а во останатите делови најчесто околу 10 литри. Локално врнежите ќе бидат поројни и ќе има и услови за појава на грмежи, особено во јужните делови. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17 степени.
Утре ќе има повремени врнежи од дожд, а на високите планини повремен снег, почесто до претпладневните часови. Ќе има услови за појава на грмежи, особено во југоисточните делови
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









