Важно потсетување од ЈСП: Не ги фрлајте картичките

 

Директорот на ЈСП Скопје Игор Јанушев денеска на прес-конференција апелираше до граѓаните да не ги фрлаат неперсонализираните картички, туку да ги надополнуваат. Залиха на картички има и секојдневно се дистрибуираат по неколку пати во денот до сите продажни места. 

Тој потсети дека системот за автоматска локација на возилата и за електронска наплата во ЈСП Скопје и во во автобусите на приватните превозници почна да се спроведува во август 2015 година. Од почетокот на 2016 година се пуштија првпат во употреба неперсонализираните картички. 

 

- Во 2016 се продадоа нешто повеќе од 33.020 неперсонализирани картички. Врз основа на оваа продажба, се направија претпоставките и анализите колку картички треба да имаме подготвено за во 2017, каде ги вклучивме и приватните превозници. За таа цел беа подготвени повеќе од 150.000 картички. Од нив 30 илјади се продадоа само во првите три дена од јануари, а до до крајот на првата недела од овој месец се продадоа 80 илјади картички. Заклучно со вчерашниот ден, имаме продадено околу 140.000 картички, рече Јанушев. 

 
 
27.01.2017 - 13:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега