Шпанскиот селектор си тера мајтап со Македонија
Шпанскиот селектор предупредува дека најтешките предизвици за Шпанија допрва следуваат, имајки високо мислење за Македонија.
Рибера вели дека Македонија “играла опасно 7 на 6“, но нејасно е дали шпанскиот селектор е сериозен во ваквата изјава, ако се земе во предвид нашата “опасна“ игра 7 на 6 на вчерашниот меч против Словенија, кога балканската селекцијата буквално не’ здроби.
-Македонија е квалитетна репрезентација која во своите редови има добри и искусни ракометари. Ги гледавме на овој шампионат и играат опасно „седум на шест“, но јас верувам во својата репрезентација и очекувам да стигнеме до посакуваната победа – изјави Рибера.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа