Се огласи Миркуловски после повредата: Се надевам дека не е сериозно
Филип Миркуловски настрада во 4. минута, кога мораше на рацете на соиграчите да биде изнесен од теренот. Ракометарот на Цецлар се обиде да продолжи, но набрзо потоа се повлече, по што стана јасно дека повредата воопшто не е наивна.
„Паднав незгодно на „кичма“ и се уште чувствувам силна болка. Се надевам дека не е сериозно, но ќе треба да почекаме, најверојатно да мине ноќта, за да видиме за што всушност станува збор и колку е сериозен проблемот. Искрено верувам дека станува збор за нешто полесна повреда, за да можам да настапам на следните средби“ – изјави Миркуловски за ЕКИПА.мк
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа