Кире Лазаров со 1.000 погодици за Македонија
Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров го постигна првиот гол за „црвено-жолтите“ на вечерашниот дуел со Словенија што воедно беше негов 1.000-ти во националниот дрес.
Според официјалните податоци, Лазаров во пресрет на Светското првенство во Франција имаше 977 голови за Македонија. На првите две средби (Тунис и Ангола), придодаде 22 (12+10), па со денешниот прв гол ја достигна границата од 1.000 погодоци.
Лазаров до крајот на полувремето имаше уште три реализации, но Македонија губи со 16:10 пред почетокот на вторите 30 минути.
16.01.2017 - 18:46
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа