Традиционалната „Мичуринска средба“ по 21-ви пат

 

Традиционалната „Мичуринска средба“ ќе се одржи вечерва по 21-ви пат на платото во паркот во населбата Мичурин. Организатор е Здружението на граѓани „Мичуринска средба“ со поддршка на општина Аеродром.

Во рамките на годинашната „Мичуринска средба“ е предвидена и детска програма, која ќе почне од 17 часот, а централната манифестација е закажана во 19 часот. 

Големиот православен празник „Свети Василиј“, меѓу народот познат како Стара нова година, ќе се одбележи со богата музичка програма и со кршење на традиционалната погача со златна паричка и избор на нов кум на средбата. Предвидено е да присуствува и градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски, како минатогодишен кум, кој треба да го предаде кумството. 

За време на манифестацијата ќе се послужува топол чај, сокови, греена ракија и сендвичи, а крајот ќе биде означен со голем огномет. 

 
 
13.01.2017 - 08:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега