ФОТО: Избрани трите најубаво украсени дворови во Бутел

 

Во општина Бутел, утре во 11 чaсот, градоначалникот Петре Латиновски ќе ги додели наградите за трите најубаво украсени дворови, по повод новогодишните и божиќните празници.

Првата награда ќе му припадне на Денчо Јосимов за новогодишната креација со наслов „НОВОГОДИШЕН ПОХОД НА ДЕДО МРАЗ“.

butel1

butel

Втората награда ќе оди во рацете на Сашо Тодоров за неговиот украсен двор во кој централна позиција имаат големите ѕвезди па оттука и насловот „ЅВЕЗДЕНО НОВОГОДИШНО НЕБО“.

butel2

Додека, третата награда ќе му биде доделена на Љубомир Костовски за дворот во кој доминира украсениот велосипед кој како да е подготвен за „НОВОГОДИШНО ПАТУВАЊЕ“.

butel3

Сопствениците на трите најубаво украсени дворови за новогодишните и божиќните празници, ќе бидат наградени со по 5 000,00 ден. а ќе добијат и специјални благодарници од општина Бутел.

 
 
04.01.2017 - 10:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега