Хартиените билети заминаа во историјата: Скопјани втор ден се возат само со „Скопска“

 

По терк на европските системи за јавен превоз, Град Скопје ги укина хартиените билети и плаќањето кај возачот во ЈСП Скопје и сите приватни превозници, а граѓаните имаат можност да купат промотивно „Скопска“ во месец јануари за 150 денари со вклучени 5 бесплатни возења

Само во месец јануари, на сите продажни места и кај возачот граѓаните можат да купат неперсонализирана електронска картичка „Скопска“ со вклучени 5 бесплатни возења. Во наредните месеци на електронската картичка ќе има само 2 бесплатни возења. Овие картички можете да ги надополнувате со најмалку 100 денари, односно најмногу 6000 денари.

Персонализираните електронски картички „Скопска“ се издаваат исклучиво во центрите на ЈСП Скопје и чинат 200 денари, а на нив покрај податоците за сопственикот имаат и фотографија. На овие картички можете да извадите и месечен билет кој со почетокот на оваа година важи во сите автобуси, односно и во ЈСП Скопје и кај приватните превозници.

Корисниците кои не се возат често со градскиот превоз имаат можност да платат едно возење преку мобилен (засега само за корисниците на Телеком, наскоро и за сите други). За едно возење ќе ви бидат наплатени 40 денари од кредитот на мобилниот телефон.

Повеќе информации за „Скопска“ граѓаните можат да најдат на www.skopska.mk

 
 
02.01.2017 - 13:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега