Град Скопје ја откажува новогодишната прослава - парите одат за социјални цели

 

Градот Скопје денеска информира дека ја откажува новогодишната прослава што требаше да се одржи на плоштадот Македонија. Средствата коишто беа планирани за организирање на пречекот и се во износ од околу 2 милиона денари ќе ги донира во социјални цели.

Одлуката каде ќе бидат донирани средствата, како што соопштуваат од Град Скопје, ќе ја донесе Советот.

- Градот Скопје веќе 10 години наназад троши минимални средства за организирање на дочекот на Новата година затоа што забавата за граѓаните ја финасираа мибилните оператори во земјава, а годинава спонзор на забавата требаше да биде Македонски Телеком, се вели во денешното соопштение од Градот Скопје. 

 
 
22.12.2016 - 10:36
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега