Нови светлосни сообраќајни знаци на скопските улици

 

Екипите на Град Скопје и ЈП „Улици и патишта“ деновиве поставуваат нови светлосни знаци на порталните столбови на градските крстосници.

Како што соопшти Град Скопје, нови знаци веќе се поставени на крстосницата на булеварот „ВМРО“ со булеварот „Гоце Делчев“, а замената на старите со нови знаци ќе продолжи и на улицата „Радишанска“ кај ОУ „Ацо Шопов“, на улицата „Московска“ и на булеварот „Александар Македонски“.

Според програмата на Град Скопје, нови светлосни знаци е предвидено да се постават и на улиците „Димитрие Чуповски“, пешачкиот премин кај СУГС „Јосип Броз Тито“, на пешачкиот премин кај Министерството за правда, на булеварот „Партизански одреди“, на улиците „Франклин Рузвелт“, „Бутелска“, „Коце Металец“, како и на улицата „Индира Ганди“.

 
 
21.12.2016 - 11:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега