Осум лица повредени синоќа во Скопје

Осум лица се здобиле со полесни телесни повреди во седум од вкупно 10 сообраќајни несреќи во изминатото деноноќие во Скопје. Во седум е причинета материјална штета.
Како што информира за МИА самостојниот инспектор во СВР Скопје Драган Вељаноски, сообраќајната полиција открила и санкционирала 13 возачи кои се движеле со возилото со брзина поголема од дозволената, двајца возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, како и четворица возачи кои го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано. Затекнати се и 30 непрописно паркирани возила.
Со помош на специјалното возило „пајак“ отстранети се 49 возила.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









