„Сеизмичка отпорност на градбите“: Колку можат да издржат зградите во Скопје?

Во Скопје денеска ќе се одржи стручен форум на тема „Сеизмичка отпорност на градбите“ на кој ќе учествуваат експерти кои ќе дебатираат за значењето на сеизмички отпорната градба во урбаниот начин на живот и како да се подигнат стандардите и квалитетот на градбите.
Се очекува на форумот да бидат донесени заклучоци за исполнување на основните предуслови за квалитетна градба и сеизмичка отпорност на градбите во Македонија.
Форумот го организираат Градежниот факултет од Скопје, Заводот за испитување на материјали и развој на нови технологии, Институтот за земјоделско инженерство и инженерска сеизмологија и цементарница „Усје“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









