Македонија против Тунис го започнува Светското првенство во Франција
Светската Ракометна Федерација ИХФ денеска и официјално ги објави термините на одигрување на натпреварите на претстојното Светско Првенство што во јануари ќе се одржи во Франција.
За нас секако најинтересна е групата Б што ќе се игра во Мец, а во која Македонија за ривали ќе ги има Шпанија, Словенија, Исланд, Тунис и Ангола. Стартниот меч „црвено-жолтите“ го играат против селекцијата на Тунис, а од денеска веќе е официјално дека овој натпревар ќе се игра на 12 јануари со почеток во 16.45 часот.
По Тунис, со аутсајдерот Ангола се среќаваме во 20.45 часот, а во истата сатница во рамките од четвртото коло ќе ги одмериме силите со Шпанија, а преостанатите два натпревари, против Словенија и Исланд, „црвено-жолтите“ ќе ги играат со почеток во 17.45 часот.
Според пропозициите на светските првенства, најдобрите четири селекции обезбедуваат пласман во осминафиналето.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа