Ракометарите пристигнаа во Чешка, утре го играат вториот натпревар од квалификациите за ЕП Хрватска 2018

Машката ракометна репрезентација на Македонија пристигна во Чешка каде што утре го игра вториот натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство во Хрватска 2018–та.

Избраниците на Лино Червар со победа го стартувата овој квалификациски циклус откако во првото коло од групата 4 во Скопје ја совладаа Украина. Нашиот следен противник Чешка во воведното коло загуби од Исланд.

Утрешниот натпревар, најверојатно ќе биде и последен за Филип Јиха, кој и самиот најави повлекување од репрезентативниот дрес.

Почетокот на натпреварот помеѓу Чешка и Македонија кој што ќе се игра во Плзен е закажан во 14:25ч.

 
 
04.11.2016 - 17:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега