Металург пропушти шанса да го совлада Нексе

Ракометарите на Металург уште еднаш пропуштија шанса победа во регионалната СЕХА лига. Во неизвесен натпревар Металург синоќа одигра 25:25 со хрватскиот тим Нексе на дуелот во СЦ „Борис Трајковски“.

По неизвесното прво полувреме кое заврши со предност на Нексе од 11:10, хрватскиот тим во вториот дел дојде до предност и до шест голови разлика 18:12. Сепак, во финишот Металург заигра многу поцврсто во одбраната, што со трпеливата игра во нападот донесе и резултат, па во последната минута тимот од Автокоманда дојде и до предност од еден гол. Гостите од хрватска набрзина успеаја да израмнат, а во последниот напад Металург не успеа да постигне гол, па средбата заври без победник.

Најефикасен во тимот на Металург беше Милош Драгаш со 8 гола, додека Мартин Марчец постигна 5.

Вториот македонски тим во СЕХА лигата, Вардар попладнево, во СЦ „Јане Сандански“ ќе игра против словенечката екипа Горење Велење. Почетокот на овој е од 17 часот и 45 минути.

Табела: Вардар 16 бодови, Мешков Брест 10, ППД Загреб 9, Веспрем 9, Целје 9, Металург 4, Нексе 4, Горење Велење 3, Татран Прешов 3 и Извиѓач 0.

 
 
28.09.2016 - 09:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега