Не се стишува револтот во СДСМ од однесувањето на Заев
Дури и најгласните поддржувачи на Зоран Заев не го кријат револтот од однесувањето на опозицискиот лидер.
Секоја негова изјава е мета за потсмев поради непромисленоста, а многубројни се критиките на сметка на неговите чекори.
Последен во низата скандали за однесувањето на Заев е давањето на партиска функција и плата на екс-новинарот Мухамед Зекири, на што бурно реагираа поддржувачите на партијата во опозиција. Поранешната новинарка блиска до СДСМ, Нора Шакири откако јавно го критикуваше Заев за оваа одлука, доби и таа понуда за средба на која ќе се зборува за нејзино идно вработување од страна на Заев.
Како што се зголемуваат ваквите чекори, се зголемува и бројот на изреволтирани.
Гордана Поп Симонова, професорката која со години јавно ја критикува власта и го поддржува СДСМ, преку Фејсбук му порача на Заев дека е гневна, затоа што тој е непромислен, нетактичен и наивен.
Еве дел од нејзиниот текст:
Критики за политиките на Заев отворено стигнаа и од опозицискиот колумнист Ивор Мицковски и некогашниот претседател на градската организација на социјалдемократите и близок пријател на екс лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, Љупчо Палевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа