Заев се сретна со Стафансон
Реализацијата на обврските од сите политички субјекти за фер предизборен и изборен процес во декември, што се наведува како приоритет број еден за државата и граѓаните, била тема на денешната средба на лидерот на СДСМ, Зоран Заев со амбасадорот на Шведска во Република Македонија, Матс Стафансон.
Како што соопшти СДСМ, на средбата Заев истакнал дека СДСМ е целосно посветена кон организирање и спроведување регуларни избори во Македонија, како единствено решение за излез од политичката криза и дека Владата мора да ги исполни очекувањата за фер избори.
Голем дел од состанокот на кој Стафансон бил придружуван од заменикот амбасадор Антон Иреквист, бил посветен и на Програмата на СДСМ и поставеноста на партијата за развој на Македонија.
- Претседателот на СДСМ соопшти дека партијата е целосно отворена за граѓаните со коишто на теренот веќе подолг период разговара и дејствува во насока на промените што по декември ќе го кренат животниот стандард и ќе обезбедат економски и демократски развој на земјава, се наведува во соопштението.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа