Спортска градинка во аеробик центарот во С.Ц. „Јане Сандански“ за дечиња од 2 до 5 години

Аеробик центарот при Спортскиот Центар Јане Сандански од своето постоење воведе ритмичка гимнастика за дечиња. Од оваа година, во новата сезона од први септември формираше групи со нови детски дисциплини. Освен ритмичка гимнастика и атлетска школа, се формира група и за спортска градинка.
Спортската градинка е наменета за дечиња од 2 до 5 годишна возраст. Познато е дека децата на 2 годишна возраст се веќе стабилни и доста активни. Постојано во движење, со огромна желба за осознавање на нови работи. Нашата земја нема клубови или спортски центри за категорија на оваа возраст, па затоа мултифункционалниот спортски центар Јане Сандански реши да направи нова специјална програма.
Преку соодветни игри и вежби прилагодени за возраст од 2 до 5 години, децата ќе можат правилно да растат и да се развиваат. Со сето тоа и да стекнат нови вештини, да развијат моторни способности, перцепција, ориентација, брзина и флексибилност.
Доколку дечињата одлучат и понатаму да се занимаваат со спорт сето ова ќе биде од огромна корист.

Ние се трудиме да изградиме нови генерации со стекнати основни навики за спорт и здраво живеење.
За повеќе информации јавете се на 070/268-048, посетете ја нашата веб страна www.scjanesandanski.mk или пак најдете не’ на facebook како Спортски Центар Јане Сандански, на инстаграм како scjanesandanski и бидете во тек со последните новости и случувања.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









