СИТЕЛ: Во МНТ на 17 септември премиерно ќе биде одиграна најновата праизведба „Прекината Одисеја“

 

Во МНТ  на 17 септември  премиерно  ќе биде одиграна  најновата праизведба   „Прекината одисеја“  од авторот Роберт Урбањски,  во режија на Јацек Гломб.

Проектот е базиран на судбината и егзодусот на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија,во 1948г. кои завршуваат во Полска, голем дел од нив во Легница. 

Овој копродукциски проект ги збратими  не само двата театри, туку и двата народа- потенцира директорот Дејан Пројковски.

Претставата ќе биде изведена 10 пати во Македонија, а во  ноември 10 пати во Варшава, Вроцлав, Легница и Краков.

Прекината Одисеја“ ќе се игра на  македонски и полски, со 30 актери од двете земји.

Следните изведби се на 18 и 19 септември, а потоа ќе има изведби и во неколку градови низ Македонија.

 
 
13.09.2016 - 23:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега