Младите македонски ракометари нижат победи, овојпат настрада Косово

 

Машка кадетската ракометна репрезентација на Македонија ја оствари и четвртата победа во Б дивизијата на ЕХФ Шампионатот за играчи до 18 години, што ќе се одржува во бугарските градови Варна и Камчиа.

Македонските јуниори попладнево со 25-23, полувреме 13-15,  ја совладаа соодветната селекција на Косово. 
 
Најефинасен во нашата репрезентација беше Димитар Димитровски кој постигна 8 голови, додека втор стрелец беше Томислав Јагуриноски со 6 постигнати гола.  
 
Утре макеодонските јуниори ќе играат против селекцијата на Унгарија која главен конкурент на црвено-жолтите за првото место во групата, кое пак единствено носи во финалето.
 
Потсетување, дека само победникот од овој турнир во Бугарија ќе се пласира во посилната А дивизија.
 
 
19.08.2016 - 16:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега