ВМРО-ДПМНЕ: Деструкцијата на СДСМ нема да не поколеба секојдневно да бидеме со најпогодените
СДСМ е во очајна состојба и тоа го гледа целата македонска јавност која ги осудува ниските обиди да се политизира невидената природна катастрофа и да се прибираат поени на сметка на оштетените граѓани кои се соочија со огромни загуби, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.
Од ВМРО-ДПМНЕ наведуваат дека Република Македонија, институциите и волонтерите кои секојдневно на терен се ангажираат за помагање на погодените, максимално се вложуваат во справувањето со последиците од поплавите.
Клеветите на СДСМ дека институциите не функционирале или дека војската и полицијата ги преспале првите денови од поплавата, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ, се навреда кон сите професионалци, полициски службеници или војници кои деноноќно работат во кризниот регионот.
- Очигледен и безброј пати е потврден фактот дека СДСМ/Сорос нема капацитет конструктивно да работи во интерес на граѓаните. За нив се е гола политика и борба за власт, вклучувајќи и ваква трагедија од која е потресена целата држава. Надминувањето на последиците од катастрофалното невреме и помошта на погоденото население ќе остане прв приоритет на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во реакцијата.
ВМРО-ДПМНЕ, посочуваат оттаму, остава СДСМ да продолжи да тоне во деструкцијата и ќе продолжи целосно да се посветува на помошта на терен која им е најнеопходна на нашите сограѓани.
- Деструкцијата на СДСМ нема да не поколеба секојдневно да бидеме со најпогодените, да им помагаме, да ги слушаме нивните проблеми и да бараме решенија за нивно надминување. Нема граѓанин кој не е гневен на деструкцијата која што СДСМ постојано ја демонстрира и раководството на партијата најдобриот одговор за сопствената политика ќе го добие на претстојните избори, стои во реакцијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа