Спасов: Службите на терен, максимално се помага на граѓаните

 

Владата на Република Македонија заедно со поголем број на институции, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за одбрана, АРМ,  екипи и од Црвениот крст се излезени на терен. Сите служби се обидуваат на граѓаните да им дадат максимална поддршка и помош кои се погодени од невремето.

Ова вечерvа го истакна министерот за труд и социјална политика Диме Спасов кој го посети кризниот штаб кој градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски го формираше по невремето и поплавите во Скопје.

Спасов истакна дека според првичните информации поголеми штети има во скопскиот, а помали во тетовскиот регион.

-Неочекувано дојде до поголеми поплави во поголем број на населени места во скопско. Институциите се веќе на терен и се обидуваме максимално да им дадеме поддршка на сите кои им е потребна помош, истакна Спасов.

 
 
06.08.2016 - 23:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега