Реакција на општина Куманово на обвинувањата за ученичкиот превоз
Општина Куманово во денешната писмена реакција ги оквалификува како класична и огромна лага обвинувањата изнесени на прес-конференција од Зоран Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ, за можен криминал со цената за организиран превоз на ученици во општината.
- Очаен е обидот на ВМРО-ДПМНЕ да излегуваат со апсурди што немаат допир со реалноста на денот кога се очекува одлука околу продолжувањето на притворот на градоначалникот од нивните редови Владимир Талески, осомничен токму за финансиски малверзации со превоз на ученици, стои во реакцијата.
Општина Куманово во реакцијата тврди дека дневна карта по ученик до четири километри е 50 денари, а до седум километри е 70 денари. Од тука произлегува дека цената за ученик е околу 5 денари километар (за неограничено возење во текот на денот). Исто така има и специјален превоз за деца до 14 години.
Списокот на ученици од 5.800 до 5.500 (зависно од година), како што велат од општината, е издаден со адреса од самите училишта и врз основа на тоа се издаваат картите за возење.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа