Груби по средбата: Блиску сме до договор
Разговорите се одвиваат во многу позитивна и конструктивна атмосфера и стигнати сме многу блиску до договор, изјави Артан Груби од ДУИ пред денешното продолжение на меѓупартиските разговори во Клубот на пратниците.
- Се надевам дека договор ќе постигнеме денеска или утре што ќе значи единствена можна дата за одржување избори годинава е 11 декември, затоа што сите други датуми се невозможни за одржување на избори. Се надевам дека посебно двете македонски политички партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ќе се надминат себеси затоа што разликите се минимални, рече Груби.
Според него, денеска или најдоцна утре може да се постигне договор за двете отворени прашања - за надлежностите на министерот за внатрешни работи и за мандатот на техничката влада.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа