СДСМ се смее на крвопролевањето: Повикуваат настаните од Турција да дојдат "на наша глава"
Социјалдемократскиот сојуз и приврзаниците на СДСМ се шегуваат на сметка на синоќешниот обид за државен удар во Турција, во кој загинаа околу 200 лица, и повикуваат да се случи и на наша глава.
Пратеничката на СДСМ Лидија Димова, наместо да се залага за интерсите на граѓаните на Македонија, посака настаните од Турција да се случат и на наша глава.
Покрај неа, и опозицискиот колумнист Ивор Мицковски, се огласи на Фејсбук по обидот за Пуч во Турција и напиша дека нема ништо недемократско во државен удар, при тоа правејќи шеги за Македонија.
Меѓу оние кои го поддржаа обидот за пуч во кој загинаа 200 лица се најдоа и Софија Куновска, Јани Макрадули и Ѓорѓи Спасов.
Статуси напишаа и Павле Богоевски, Уранија Пировска, Едмонт Адеми и Никола Наумовски.
Стојанче Ангелов напиша, Шарена нешарена, важно е револуција.
На Фејсбук искоментираа и Јорданка Ивановска Јоци која повика на крвопролевање, бидејќи според неа нема револуција без падната крв
, како и Атанас Кировски и Сабина Факиќ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа