ФОТО: Добродојдовте во Струмица, местото каде аболицираниот Заев легализира криминал

 

На влезот на Струмица осамна постер со написот: „Добродојдовте во Струмица, местото каде аболицираниот Заев легализира криминал“, пренесѕва Курир.мк

Ваквите герила акции на граѓаните се резултат на информациите кои беа обелоденети во јавноста за бесправното, незаконско и криминално легализирање на хациендите Цареви Кули.

Имено, документите и фактите покажуваат дека Заев со решение легализирал објект – хотелски комплекс кој е изграден по законскиот рок од март 2011 година. Повторно, се работи за бизнисмен кој е добро познат на Заев и општинската администрација како сопственик на компанија која често добива општински тендери. Тој е дел од доброто познатата тендер мрежа на кланот Заеви.

Не од било кој, туку лично со потписот на стру­мич­ки­от гра­до­на­чал­ник Зоран За­ев хо­тел­ски­от комп­лекс „Царе­ви ку­ли” противзаконски е ле­га­ли­зи­ран на 3.7.2013 го­ди­на.

На ре­ше­ни­е­то за утвр­ду­ва­ње пра­вен ста­тус на бес­пра­вен об­јект стои де­ка Ри­стов­ски Ко­це од Стру­ми­ца поднел ба­ра­ње со опре­де­лен број од 3.9.2011 го­ди­на за ле­га­ли­за­ци­ја на хо­тел­ски­от комп­лекс, по­ткре­пе­но со ге­о­дет­ски елабо­рат за по­себ­ни на­ме­ни, со че­ти­ри згра­ди од кои пр­ва­та со стан за­ве­ден со број 1 на при­зем­је од 260 ква­драт­ни ме­три, по­мош­на про­сто­ри­ја од се­дум ква­драт­ни ме­три и стан број 2 на кат со по­вр­ши­на од 222 ква­драт­ни ме­три.

Не терен овој објект уште не бил изграден кога законот тоа го овозможувал.

carevi-kuli

Тоа го потврдува са­те­лит­ска­та фо­то­гра­фи­ја од пре­ба­ру­ва­чот на ин­тер­нет „Гугл” и не­го­ви­те ала­тки, кои покажу­ва­ат де­ка на те­ре­нот ка­де што се на­о­ѓа ле­га­ли­зи­ра­ни­от хо­тел­ски комп­лекс, со да­тум од 10 март 2011 го­ди­на, има со­се­ма дру­га со­стој­ба. Таков објект не постои.

Во ју­ни 2013 го­ди­на комп­ле­ксот е све­че­но отво­рен. Во за­ко­нот за ле­га­ли­за­ци­ја на ди­во­град­би­те пред­мет на ле­га­ли­за­ци­ја мо­же да би­дат об­је­кти што се из­гра­де­ни, од­нос­но по­сто­е­ле пред март 2011 го­ди­на. Или прецизно, ка­ко што стои во за­ко­нот, ус­лов е об­је­ктот што тре­ба да се ле­га­ли­зи­ра да е из­гра­ден зак­луч­но со 3 март 2011 го­ди­на.

Според фактичката состојба било извлечено број за легализација од општината Струмица во 2011та година, а објектот бил изграден во 2013та година. Тука постои класично изигрување на законот што повлекува кривична одговорност.

 
 
13.07.2016 - 09:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега