Партиите се уште без договор во Пржино, разговорите продолжуваат утре
Завршена е добра работа, но не е постигнат договор. Оптимист сум и продолжуваме утре, изјави амбасадорот на САД Џес Бејли по денешните петчасовни разговори меѓу претставниците на партиите потписници на договорот од Пржино и амбасадорите на ЕУ Аиов Орав и на САД во резиденцијата на ЕУ во Скопје.
- Завршивме по пет часа разговори. Имавме конструктивна средба. Завршена е добра работа, но не е постигнат договор. Продолжуваме со работа. Не сум разочаран. Кога се преговара и разговара понекогаш е потребно повеќе време. Оптимист сум. Продолжуваме утре, изјави по средбата Бејли.
На средбата учествуваат Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ, Радмила Шекеринска од СДСМ, Артан Груби од ДУИ и Имер Алиу од ДПА.
Теми на меѓупартиските разговори во оваа фаза се прочистувањето на Избирачкиот список и реформата во медиумите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа