ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се закануваше дека ќе пали судови и ќе брка судии на клоци
Секогаш кога СДСМ чувствува дека нема бегање од избори и дека ќе мора да се соочи со мислењето на граѓаните за нивната деструктивна политика, прибегнуваат кон истата стратегија која подразбира нови нелогични условувања и нови измислени барања кои покажуваат целосно непочитување и непознавање на Уставот и на судската власт во земјава. Тоа е главната цел и на апсурдното барање на СДСМ за воведување на специјализиран суд, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Во продолжение следува интегрален текст од реакцијата на владејачката партија
СДСМ денеска покажа дека штрајкот на мал дел од судската администрација е само во функција на нивниот страв од изборно соочување и продолжение на деструктивното однесување.
Во изминатиот период платата на раководните судски службеници е зголемена над 15%, на стручните судски службеници над 20%, а на административно техничките над 30%.
СДСМ е партијата која се закануваше дека ќе палела судови и судиите ќе ги влечела за уши и ќе ги бркала на клоци. СДСМ е партијата која ја води аболициран криминалец што изјавуваше дека за него не постојат македонските судови. СДСМ е партијата која не кажа ниту збор во врска со расипничкото трошење на Специјалното јавно обвинителство и Катица Јанева која на себе и своите соработници дели плати помеѓу 2 000 и 3 000 евра. Затоа лицемерно е кога СДСМ покажува лажна грижа судската администрација додека нивни блиски добиваат огромни плати во СЈО.
СДСМ знае дека немам бегање од одговорноста и дека порано или подоцна правдата ќе го стигне единствениот политичар кој е аболициран за криминал тежок 8 милиони евра. Колку и да ги напаѓа судовите, доаѓа денот кога Зоран Заев ќе мора да ги врати парите украдени од народот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа