КУРИР: Фирмата „Тритерол“ блиска до СДСМ е главен превозник и на вечерашниот протест

 

Фирмата „Тритерол“ која деновиве се најде во центарот на скандалот поврзан со Струмица и опозицискиот лидер Зоран Заев, денеска може да се забележи како главен превозник на опозициски активисти, кои од Струмица дојдоа на протестот на опозицијата во Скопје. Инаку фирмата „Тритерол“ го врши јавниот превоз во Струмица, пренесува Курир.

Деновиве во јавноста беше откриен скандал според кој струмичкиот градоначалник Зоран Заев исплаќал големи средства на фирмата „Тритерол“, инаку блиска до СДСМ, за услуга која граѓаните не ја добиле.

triterol-2

И додека нема одговор зошто Струмица и струмичани плаќаат по скоро два пати поголема цена за превоз од една Битола која е поголема општина, во Скопје денеска можат да се забележат колони автобуси токму од оваа фирма блиска до СДСМ.

 
 
20.06.2016 - 21:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега