СДСМ и организаторите се подготвуваат за насилни протести
Според сознанијата на Пресс 24 , СДСМ ги организира своите членови и симпатизери на протести во Скопје на кои очекува насилство.
Иако Зоран Заев јавно изјави дека СДСМ немале ништо со протестот само од Куманово предвидено е да тргнат 25 автобуси, од Велес 18, од Крива Паланка 12, од Тетово и Гостивар по 5, од Штип уште 9.
Целата адмиснистрација што е под контрола на СДСМ, но и вработените во нивните фирми биле предмет на уцена за да се појават на протестот.
Под закана биле дури и вработените во Скопје, односно општина Центар кои во работно време биле ангажирани да делат пропагандни материјали за протестите и да повикуваат на поголема излезност.
Во пропагандниот материјал кој им се дели, членовите и активистите на СДСМ добиваат насоки како да пробијат полициски кордон и како и каде да се сокријат од полицијата.
Препораката е да не се затвораат по влезови и по мали и тесни улички. Во препораката до членовите и симпатизери на СДСМ стои да не пијат алкохол и да не се дрогираат, а најважно од се е да не соработуваат со полицијата и да ги прикриваат инкриминирачките податоци за протестантите.
Основната порака на протестите кои ќе се одржат вечер е дека не постои друг орган на прогонот освен Специјалното јавно обвинителство, односно дека никој не смее да помисли да бара кривична одговорност од аболицираниот Зоран Заев.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа