Судот без интегритет: Потклекна на притисоците и политичките игри на СДСМ

 

Одлуката за притвор на градоначалникот на Битола, Владимир Талевски, е типичен пример за потклекнување на судот на бруталниот и невиден притисок на СДСМ врз судот., пишува Курир.мк.

Ова е одлука која нема никаква врка со правото, која е контрадикторна и е донесена под уцена и силен притисок. Судот покажува дека има “пластелин“ интегритет, кој го адаптира врз основа на политичките игри на СДСМ, сервилност која не може да се брани со правни аргумент. За краток временски периодот, судот донесе одлука со која си ја преиначи претходната.

Прво беше обезбедување на присуство на Талевски, што значи одземање на пасош, па потоа се премисли и обезбеди куќен притвор. Ваквата одлука претставува преседан, особено ако се знае дека Талевски со ниту една своја постапка и потег не покажа дека ќе ја напушти својата држава, ниту пак да избега од општината со која раководи.

Од друга страна, целиот случај „Транспортер“ се однесува на постапка чие дејство е завршено. Клучниот аргумент кој покажува дека судот седна во скутот на СДСМ е фактот што Судот си поплука на сопствената одлука, само два часа откако СДСМ и Петре Шилегов почнаа хајки и најавија лични тужби против судии само затоа што не судат по теркот и кеифот на СДСМ.

Очигледно, интегритетот на Судот не издржа и судиите, наместо по правото, почнаа да работат по нотите на СДСМ. Од друга страна, таквиот брутален притисок е резултат на очајот на СДСМ и фактот што нивните деструктивни политики доживеаја вистински дебакл.

Во отсуство на поддршка од народот, нивните главни инструменти остануваат СЈО и притисокот врз судот. 

zaev-verusevski-janeva

Иронична ситуација: Верушевски и Заев на слобода, Талевски во куќен притвор

Поради ваквите одлуки, сега има иронична ситуација: Верушевски кој ја доведе државата на колена, организирал прислушкување и е вклучен во мега-афера е на слобода, а градоначалникот Талевски без било какви докази и со огромен притисок е во куќен притвор.

Зоран Заев исто така е на слобода кој не одговараше и беше аболиран за криминал од 8.5 милиони евра. Талевски е е жртва на СДСМ, недостатокот на интегритет на Судот и политичкиот инструмент СЈО.

Што се однесува до самиот случај за кој се терети Талевски нема никаков криминал  и тој практично треба да одговара зошто организирал бесплатен јавен превоз за учениците во Битола. Општината добила надлежност да спроведе групна јавна набавка за организиранњ на бесплатен превоз на ученици и таа била извршена со согласност со сите директори на училиштата.

Општината ги трансферирала до училиштата, а училиштата работат врз основа на договор потпишан со превозниците и тука нема ништо спорно.

vmro-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: Судот потклекна на безкруполозниот и отворен притисок на СДСМ

По ваквата одлука на Судот, вчера реагираше владејачката партија.

-Судот потклекна на безкруполозниот и отворен притисок на СДСМ кој нема никаква врска со правдата и почитувањето на законите. Само неколку часа, откако СДСМ се закани, и најави лични тужби против судиите, Кривичниот суд ја измени сопствената одлука, и наместо обезбедување на присуство, изрече мерка притвор. Оваа одлука не е базирана, на закони и факти, туку е одлука донесена под жесток политички притисок и нема никаква врска со реалната состојба. Сето ова единствено е поврзано со политичките игри на СДСМ и додворувањата на судството кое одсекогаш е мета и посакувана цел на СДСМ, но кога не им успева додворувањето и партиското лобирање почнуваат со заканите и притисоците. Илузорно е да се смета дека Владимир Талевски ќе ја напушти државата, и ќе се даде во бегство, нешто за што непостои никаква индиција ниту здраворазумски факт. Ваквата одлука на Кривичниот суд има политичка намена, за кохетирање во јавноста од страна на СДСМ во отсуство на реални резултати и виситински дебакл на нивните антидржавни политики. Целокупното работење на градоначалникот Талевски е базирано врз дословно  спроведување на законот за јавни набавки.Ова е уште една срамна епизода од работењето и дејствувањето на СДСМ, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

petre-silegov1

СДСМ ќе ги пали судовите ако не судат како што диктира Заев?

СДСМ во последните неколку дена врши силен притисок врз Oсновниот суд Скопје 1 и Уставниот суд. СДСМ се смета повикан да им се заканува на судиите и да им диктира како да одлучуваат и што да им биде приоритет во работењето. Последен во низата притисоци беше прес конференцијата на Петре Шилегов, портпаролот на СДСМ.

На прес-конференција СДСМ преку Петре Шилегов најави и кривичен прогон против судија само заради донесена одлука по сопствено убедување.

Претходно Шилегов се дрзна да се меша во работата на Уставниот суд и да одредува што треба да биде негов приоритет потценувајќи го капацитетот на судиите.

-Станува збор за тоа дали Македонија ќе ја надмине политичката општествената и правната криза во која што се наоѓа. Оттука, приоритет за Уставниот суд на државата Република Македонија треба да биде уставноста на Законот за СЈО, им се обрати Петре Шилегов на уставните судии.

ustaven-sdsm

Ова веројатно е само вовед во дополнителните методи за притисок врз Уставниот суд кои треба да се спроведуваат.

Ова нема да биде прв атак на СДСМ и СОРОС врз Уставниот суд. Оливер Спасовски, во март месец кога ја извршуваше функцијата технички министер за внатрешни работи ги предводеше толпите кои сакаа да извршат упад во Уставниот суд. СДСМ во истиот тој  период отворено застана зад хулиганите кои ги напаѓаа институциите на државата, ги сквернавеа спомениците од македонската историја, па дури и ја палеа народната канцеларија на Претседателот на Република Македонија.

 

 

 
 
17.06.2016 - 10:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега