Заев со ситна донација за „Шарените“ - дури и тие останаа зачудени (ВИДЕО)

 

На вчерашната акција каде се собираа пари за демонстрантите кои ги уништуваа спомениците во Скопје се појави и раководството на СДСМ. Во кутиите кои беа поставени свои донации оставија лидерот Зоран Заев, неговата заменичка Радмила Шекеринска, Дамјан Манчевски, пренесува Телеграф.мк.

Не можеше да остане незабележано што Заев за хулиганите на кои и тој често им се придружува на протестите остави само 3.000 денари. Присутните на акцијата останаа зачудени за скромната сума што ја остави и која повеќе служеше за потсмев, ако се знае дека неговото богатство тежи десетици милиони евра.

Ништо подарежлива не беше ниту  Шекеринска која со нејзиниот сопруг тежат милиони евра и голем број куќи и станови, пишува Телеграф.

 
 
08.06.2016 - 10:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега